Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Андоновски: Езерското дерби без Рибари го нема истиот сјај, време е сите заедно да тргнеме кон посветла иднина на ГРК Охрид

Охрид, 1. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота ново езерско ракометно дерби, стружани гостуваат во „Билјанини извори“.

Императив е победа, а играчите се подготвени да дадат се од себе да ги израдуваат охриѓани.

Победа очекува и тренерот на „гладијаторите“, Горан Андоновски. Истакна дека „езерското“ дерби без навивачката група Рибари го нема истиот сјај.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и луѓе што спортуваат

– Голема штета е отсуството на навивачката група Рибари и ова дерби без нив ниту го има истиот сјај, а уште помалку и значењето. Постои проблем кој треба да го оставиме во минатото, за доброто на ракометот, за доброто на Охрид. Јас лично никогаш јавно лош збор не сум напишал или рекол за Рибари, иако со поедници сме имале несогласувања, дури и јавно се извинив на навивачката група на почеток на оваа сезона. Време е сите заедно да тргнеме кон посветла иднина на ГРК Охрид, вели Андоновски.

„Езерското“ дерби ќе се одигра в сабота, 3-ти декември, од 18:30 часот. Охридските ракометари се на четвртата позиција на табелата со 21 бод. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука