Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Единствени сме во различноста – сите сме еднакви“, вечерва хуманитарен настан во црквата „Св. Софија“

Охрид, 2. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата „Св. Софија“ во Охрид, вечерва од 19:00 часот ќе се одржи хуманитарен настан „Единствени сме во различноста – сите сме еднакви“.

– На настанот ќе земат учество познати охридски уметници. Билетите чинат 150 денари и истите се подигнуваат на влезот на црквата, порачуваат организаторите од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Собраните средствата се наменети за Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука