Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 11. степени
Охрид, 5. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
– Следува период на претежно облачно време, наутро во котлините со услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |