Славјан Митаноски, Симона Димитриеска и Марија Наумоска најдобри на ученичкиот литературен конкурс по повод „Св. Климент Охридски“
Охрид, 8. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поетските творби на Славјан Митаноски (трето одделение) и Симона Димитриеска (деветто одделение) при ООУ „Кочо Рацин“ и Марија Наумоска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“ се најдобри на ученичкиот литературен конкурс по повод Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.
На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид. На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци.
За најдобрите творби одлучувала жири комисијата во состав: Перчо Божиновски претседател и членови професорките Светлана Велкоска и Светлана Огненова.
– Жири-комисијата одлучи први награди да им бидат доделени: во прва категорија за ученици од одделенска настава на поетската творба „Климент Охридски“ испратена под шифра „Славјан“. Во втора категорија за учениции од предметна настава избрана е поетската творба „Средновековен времеплов“ под шифра „Средновековна книжевна школа“, додека во трета категорија за ученици од средно образование, поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“, под шифра „050321“, соопштија од Општина Охрид.
Добитниците на наградите ќе можат да го докажат авторството веќе од утре со четвртиот примерок од творбата со која конкурирале во Одделението за култура во Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |