Избор Охрид Ретки болести 2022 ТОП ВЕСТИ

Во чест на децата со ретки болести, и годинава блесна новогодишната елка под вода (Видео)

Охрид, 25. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.

– Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и срќно детство, информираат од клубот.

Додаваат дека посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Амфора

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука