Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и температура до 10. степени

Охрид, 5. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне се’ уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука