Основците и средношколците се вратија во школските клупи, започна второто полугодие
Охрид, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Основците и средношколците од денеска се враќаат во школските клупи, со што почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година.
Дел од училишатата веќе го објавија и распоредот на смените.
Од Општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека основните и средните училишта се подготвени за старт на второто полугодие, во делот што е во нивна надлежност, дополнително се изведуваат реконструктивни зафати во речиси сите училишта. Најавија дека деновиве ќе реферираат за зафатите што се завршени или се во тек во охридските школи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес


@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |