Забава Избор

SUPER Fresh music: U2 – Pride (In The Name Of Love)

Охрид, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Iceland и Interscope Records го најавуваат изданието „Songs Of Surrender“ на кое се поместени 40 од најголемите песни на култната ирска група U2.

Албумот е резултат на бројните студиски сесии кои се одржаа во текот на изминатите две години, а првиот сингл „Pride (In The Name Of Love)“ е веќе достапен на сите музички сервиси.

– Музиката ви дава шанса да патувате низ времето. Сакавме да ги пренесеме нашите стари песни во денешно време и да им дадеме дух на 21 век. Она што започна како експеримент брзо се претвори во лична опсесија, откри гитаристот The Edge.

Албумот „Songs Of Surrender“ се очекува во музичките продавници на 17-ти март оваа година.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука