Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за охриѓанец кој изградил куќа без одобрение за градба

Охрид, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 75-годишниот Ф.Ќ. од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил индивидуална семејна куќа. По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од Опшина Охрид, било донесено решение за отстранување на нелегалната градба, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука