Минимален пораз за „гладијаторите“ на пријателскиот меч со Црвена Ѕвезда
Шабац, 24. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со минимални 34:35 охридските ракометари беа поразени од Црвена Ѕвезда на пријателскиот натпревар во Шабац, во рамки на зимските подготовки.
Најдобри поединци во тимот на „гладијаторите“ беа Гал Цирар со 7 погодоци, Бојаниќ со 6, како и Каракоч и Дрогришки со по 5 погодоци.
Охридските ракометари во Србија се до четврток и ќе одиграат уште две пријателски средби со Металопластика и Партизан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |