Доха, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракомeтната селекција на Франција по петти пат во историјата ја освоија светската круна, откако во финалето на 24-то СП го победија домаќинот Катар со 25-22.
Карабатиќ со пет гола ја предводеше Франција до титулата, додека кај Катар најефикасни беа Марковиќ со седум и Капоте со шест голови, како и голманот Шариќ со 14 одбрани.
Бронзениот медал на првенството го освои селекцијата на Полска која во „малото финале“ дури по продолжението ја победи Шпанија со 29-28. Мечот за бронзениот медал во регуларниот дел заврши 24-24.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 39