Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Дуетот „Bella“ на охриѓанецот Пајак и Лара со над 10 милиони прегледи на YouTube (Видео)

Охрид, 26. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Песната „Bella“ на Супер талентираниот, 22-годишен охриѓанец Христијан Настески Пајак и Лара Иванова ја надмина фантастичната бројка од над 10 милиони прегледи на каналот YouTube.

Песната со која двајцата млади музичари се претставија на минатогодишното издание на фестивалот „Макфест“ зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат.

– Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно…, пеат Лара и Пајак, кој ги напиша музиката и текстот, додека аранжманот е дело на Иван Јованов- Ивајо.

Пред само два дена, Пајак го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска.

Младиот trap артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Популарноста на Пајак оди далеку преку границите на Македонија. Тој е исклучително популарен и во соседна Србија, каде еден од најпопуларните јутубери на Балканот, Бака Прасе, уште на почетокот на неговата кариера го промовираше како „идната македонска trap ѕвезда во подем“.

Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука