Забава Избор

Хип – Хоп натпревар во Охрид во организација на танцовиот клуб „Соната“

Охрид, 19. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри август, сабота во Охрид ќе биде организиран Хип – Хоп натпревар во организација на танцовиот клуб „Соната“.

На натпреварот ќе има пет категории: соло (машка и женска конкуренција), дуо, групи (од 3 до 7 танчери), формации (над осум танчери) и дуел (соло против тим). Секој од натпреварувачите ќе добие сертификат, а во секоја од категориите ќе бидат доделени златна, сребрена и бронзена награда.

Деталите околу оваа манифестација од „Соната“ ќе ги соопштат непосредно пред одржувањето на настанот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави