Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

На денешен ден е роден Кузман Шапкарев

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1834 година во Охрид е роден Кузман Шапкарев.

Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.

Почина во Софија на 18-ти март 1909 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука