Избор Охрид Ретки болести 2022 ТОП ВЕСТИ

Започнува јубилејното, 5-то издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Охрид, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува јубилејното, 5-то по ред издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. И оваа година, во реткиот месец со 28, најмалку дена во годината, јавноста ќе се запознава со ретките болести.

– Кампањата годинава ја посветивме на оние кои се полни пет години со нас, кои се нашиот ветер во грб и наша најсилна поддршка – здравствени работници, на кои им благодариме за вложувањето во кампањите. Без Вас немаше да успееме. Продолжуваме заеднички да ги менуваме работите на подобро. Ќе ја запознаеме јавноста со 28 нови дијагнози, кои преку соодветни текстови, графички, видео и аудио материјали ќе ги испратиме до сите преку нашите големи пријатели и поддржувачи – медиумите, кои и оваа година несебично застанаа зад нас. Со овој проект сакаме да ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и нивните семејства, информира Гордана Лолеска од Здружението „Ретко е да си редок“.

Сите детали за годинешното издание ќе бидат соопштени на прес конференцијата која ќе се одржи денеска, 1. февруари 2023 година, со почеток во 10:30 часот во хотел „Су“ во Охрид.

Ќе присуствуваат дел од здравствените работници кои работеа на кампањата: Проф. д-р Велибор Тасиќ, Проф. д-р Данко Милошевиќ од Хрватска (кој ќе сподели искуства за третманот на ретките болести во Хрватска), Доц. д-р Иван Барбов, Д-р Нора Абази Емини, Проф. д-р. Тодор Арсов, Д-р Гордана Доневска, Д-р Моника Ѓореска, Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска, Д-р супспец. нефролог Николина Смоковска, Д-р Емел Даути Јахија, Д-р Александра Ангелова, Д-р Бисера Цветковска, Д-р Дијана Шуменковска и Д-р Арменд Арслани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука