Спорт

Копа Америка: Прва победа на Перу

Ла Серена,19. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Перу синоќа во во последниот меч од 2-то коло на Копа Америка ја победи Венецуела со 1-0, а стрелец на голот беше Клаудио Пизаро во 72-та минута. Фудбалерите на Перу имаа играч повеќе од 29-та минута кога беше исклучен Аморебиета.

Со оваа победа во Ц групата сега сите четири репрезентации имаат по 3 бода и се со подеднакви шанси да се пласираат во следната рунда.

Вечерва на програмата се првите дуели од 3-то коло во групата А помеѓу Мексико – Еквадор и Чиле – Боливија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука