Херез, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На патеката во Херез, Шпанија, новиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, оствари најбрзо време на првите сезонски тестирања.
Четирикратниот светски првак имаше мали проблеми во еден дел од патеката со новиот болид, но откако се врати на пистата го постигна најдоброто време.
Најголеми проблеми на тестирањето имаше Мекларен Хонда. Екипата на Форс Индиа ќе ги пропушти тестирањата, додека Ф1 тимот на Лотус не се појави на патеката бидејќи болидите не се пристигнати во Шпанија.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 36