Избор Култура

Завршен концерт на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“

 

Охрид, 21. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – На Интернационалниот натпревар за  млади музичари „Охридски бисери“, вечерва ќе се одржи завршниот концерт.

Со тоа официјално ќе биде затворена манифестацијата, на која во изминатите денови се натпреваруваа младите музичари. Додека синоќа се одржа концерт на претставниците на жири комисијата, Предграг Костовиќ на хармоника и Дет Леф Бенсман на алт саксофон.

Завршниот концерт вечерва ќе биде со почеток во 20 часот во Собраниската сала на локалната самоуправа Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука