Избор Охрид

Денес и утре уписи за ученици во прва година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Охрид, 22. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид денес и утре ќе врши уписи за ученици во прва година.

Учениците кои го завршиле основното образование ќе можат да изберат помеѓу економско-правната и трговската струка – профил економски техничар или здравствената струка.

– СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ ги подготвува своите ученици за влез во бизнис секторот преку школувањето во економско-правната и трговската струка – профил економски техничар, каде се восприемаат основните, вистинските и практично корисните знаења од областа на економијата. Училиштето ги подготвува своите ученици од здравствената струка за најхуманата работа на светот, помош при одржување на животот на човекот, велат од училиштето.

Во учебната 2015/2016 година ќе бидат запишани 136 ученици во 4 паралелки во прва година економска струка и 34 ученици во здравствена струка.

Уписот е од 08:00 до 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави