Избор Охрид

Дополнителен распоред за полагање на интерните испити од државна матура за охридските матуранти

Охрид, 22. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јуни, среда, дел од охридските матуранти, ученици во СОУ „Свети Климент Охридски“, ќе полагаат интерни испити од државна матура.

Предметот Информатика ќе се полага на приземје во гимназијата (писмен дел во 10 часот, додека практичен дел во 11 часот.)

Социологија 1, 2 и 3 ; Филозофија 1, 2 и 3 ќе се полага во училниците на првиот кат на гимназијата, додека Биологија 1, 2 и 3 ; Физика 1 и 2 ; Математика ; Историја ; Латински јазик ќе се полага на вториот кат.

На 26-ти јуни, петок, пак, ќе се полага Хемија 1 и 2 во просториите на училиштето на вториот кат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави