
Слаткарница во Љубљана прогласена за една од најубавите во Европа
Љубљана, 8. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во центарот на Љубљана, во областа Трново, се наоѓа една бајковита мала слаткарница која наликува на сцена од сказна.
„Lolita Eipprova Café & Patisserie“ е името на слаткарницата која важи за една од најубавите во Европа и се наоѓа на листата Топ пет светски угостителски објекти со убав ентериер, создаден од одржливи материјали.
– Тука сите сетила ќе ви бидат нагостени со убавина. Од врвниот декор во ненаметливи, пастелни нијанси прошарани со флорални мотиви, до заносните мириси на цимет и ванила. А она што е вистинско богатство е скриено зад стаклените витрини: превкусни слатки специјалитети. Sитни колачиња, француски слатки, детски колачиња на стапче, врвни чаеви, егзотично кафе, вака ја опишуваат слаткарницата дел од посетителите. (Крај)
извор: Репортер фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |