Брисел, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Европските лидери присуствуваат на самитот во Брисел и се надеваат на остварувањето на Акциониот план на ЕУ за климатските промени, со цел да се заштити животната средина и подобрување на енергетската безбедност на Европа.
Во пресрет на состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ, се уште не постигнаа договор за пакетот мерки за климатските промени, кој се потпира на три амбициозни цели на Европската комисија и се предвидува да се спроведува од 2030 година.
Првата цел се однесува на намалување на емисиите на стакленички гасови за 40 проценти во споредба со 1990 година, а втората цел е да се зголеми употребата на обновливите извори на енергија за 27 отсто, додека третата е за заштеда на енергија од 30 проценти. (Крај)
извор: Бета фото: архива