ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Има ли Бугари во Охрид? Ниту еден охриѓанец не се пријавил за гласање на бугарските избори

Скопје/Охрид, 23. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ниту едно лице од Охрид не се пријавило за гласање на бугарските избори, а само 169 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април годинава.

Станува збор за лица кои ќе гласаат на избирачките места што на денот на изборите во Бугарија ќе бидат отворени во Република Македонија, како и во други држави во Европа и светот.

Списоците на пријавени за гласање се објавени на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи од седум избирачки места во исто толку градови во земјава, ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. Избирачко место е предвидено и во Охрид каде беше отворен и бугарскиот клуб „Цар Борис III“, но за таму не се пријавил никој.

– Списокот не е предмет на објавување бидејќи нема лица кои изразиле желба да гласаат, пишува за избирачкото место во Охрид.

Во шесте останати градови, пак, најмногу гласачи ќе има во Кавадарци и Прилеп, а најмалку во Битола што е градот каде се отвори бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука