Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Второ издание на турнирот во олимписко Таеквондо „Охрид Опен 2023“

Охрид, 25. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ и Македонската Tаеквондо федерација, денеска во Охрид ќе се одржи второто издание на турнирот во олимписко Таеквондо „Охрид Опен 2023“.

– Турнирот ќе се одржи според олимписки правила, а покрај домашни ќе има и судии од регионот. Учестуваат околу 200 натпреварувачи, најголем дел од Македонија, а има и од Србија Косово Црна Гора и Албанија. На турнирот присуствуваат и тројца потенцијални кандидати за учество на Олимписките игри во Париз, информираат од „Хваранг Фист“.

Борбите ќе се одржуваат во текот на денот, а свеченото отворање е закажано за 13:00 часот.

Повеќе за турнирот од интервјуто за Супер радио и OhridPress на Елена Симоноска и Стефан Јосифоски од организациониот одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука