Охридските каратисти од КК „Чоле“ и КК „Кунсуто“ со одличен успех на Меѓународниот турнир „Гранд при Македонија“
Скопје/Охрид, 25. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите охридските каратисти од КК „Чоле“ и КК „Кунсуто“ постигнаа одличен успех на Меѓународниот турнир „Гранд при Македонија“, на кој учествуваа каратисти од 10 држави, меѓу кои и светски, европски и балкански прваци.
– Славјан Митаноски и Тео Дамјаноски во категоријата од 10 до 35 килограми го поделија третото место, а Мартина Петреска го освои третото место во класата јуниор до 48 килограми. Дамјан Смилески и Марија Велкова покажаа добри резултати во ката, но не успеаја да се искачат на пиедестал. Исто така Ѓорги Меркоски, Наум Велески, Сара Цикуш, Драган Талевски, Тамара Чолеска, Стефан Петрески, Мартина Костоска, Јоана Костовска и Тамара Стојановска покажаа одлични борби, но не се закитија со медали, информираат од КК „Чоле“.
Резултати на каратистите на КК „Кунсуто“:
– Матеја Грозданоска, ката 2010 advance level 1-во место
– Јована Петреска, ката 2010 basic level 1-во место
– Евгениј Спироски, ката 2011 basic level 3-то место
– Климент Јанески, ката 2010 basic level 2-ро место
– Козма Митревски, у14 -40 кг 2-ро место
– Анастасија Смилевска, у14 -55 кг 3-то место
– Тамара Ѓурчиноска, јуниори -59 кг 3-то место
– Матеја Грозданоска, у14 -40 кг 2-ро место
На турнирот кој се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје беа пријавени 653 учесници, односно 800 натпреварувачки влезови. Најголем акцент на натпреварот се стави на апсолутните категории на јуниори со 29 и кадети со 41 натпреварувачи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |