
Speak To Me, нов сингл на Depeche Mode од албумот Memento Mori (Видео)
Охрид, 26. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – По Ghosts Again и My Cosmos Is Mine, Speak To Me е најновиот сингл на старите мајстори Depeche Mode од нивниот 15-ти по ред студиски албум Memento Mori.
Станува збор за уште една меланхолична, но одлична песна, која совршено одговара на името на албумот. Memento mori е латинска фраза која буквално значи „сети се na смртта“, а често се толкува и како „запомни дека си смртен“ и „дека ќе умреш“. Од оваа година ќе се памети и како името на најновиот албум на култните Depeche Mode. За време на шпицот на пандемијата, сите научивме повеќе да го цениме животот, а фронтменот Dave Gahan и мултиинструменталистот Martin Gore ги пишуваа стиховите на песните се дел од нивниот 15-ти по ред албум. Тие ја прифатија оваа идеја нарекувајќи го албумот Memento Mori.
Албумот доаѓа по пауза од шест години, кога во 2017 година го издадоа „Spirit“, албум кој е прво издание по смртта на еден од членовите на оригиналната постава на бендот, клавијатуристот Andy Fletcher, кој почина во мај минатата година, на 60-годишна возраст.
Depeche Mode во април заминуваат на голема турнеја со бројни концерти во Америка и Европа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |