Казни за 3 возачи од Охрид и 1 од Струга кои управувале возила под дејство на алкохол
Охрид, 26. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти и 26-ти март 2023 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници, затекнале 7 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 3 во Охрид, 1 во Струга и 3 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |