Избор Охрид

Прекин на сообраќајот кај Лавчанско речиште и Пресека-Врбјани

Охрид, 25.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, поради изведување на градежни работи со минирање, ќе има прекин на сообраќајот од 16 до 17 часот.

Поради изведување на градежни работи со минирање прекин на сообраќајот ќе има и кај месноста Пресека – Врбјани од 15 до 17 часот.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави