ЖивоТ: Сократ – Луѓето кои сакаат да станат добри јавачи земаат диви, а не кротки коњи
Ксантипa, сопругата на грчкиот филозоф Сократ и мајка на неговите три сина, била жена која била исклучително наклонета кон кавга. Постојано го прекорувала сопругот дека губи време, предизвикува кавги, создава скандали…
Сократ, и покрај остриот јазик кој го красел, кон неа секогаш покажувал изненадувачка кроткост и смиреност.
Еден ден неговите пријатели го запрашале:
– Зошто не ја превоспитате или избркате Ксантипa, па таа е најпргавата жена на светот?
– Луѓето кои сакаат да станат добри јавачи земаат земаат диви, а не кротки коњи. Затоа ја зедов за жена и верувам дека ако можам да живеам со неа, тогаш ќе ми биде лесно со било кој, одговори мудриот Сократ.
По „разбеснетата“ Ксантипa, ниту еден противник во филозофските расправии не му бил достоен. Дури и ова искуство, Сократ го користел за сопствено подобрување.
Еден ден, додека тивко седел пред куќата, таа по навика почнала да вика и да се расправа со него, но тој не и одговарал. Само седел тивко и слушал.
Гледајќи ја неговата мирна реакција, Ксантипa зела чаша вода и го полила по главата, сакајќи да го испровоцира и да започне расправија.
Но, Сократ смирено коментирал:
– Беше јасно дека по толку грмежи ќе започне да врне.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архив

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |