Спорт

Даглас Коста во Баерн Минхен за 35 милиони евра

Минхен, 26. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Германија пренесуваат дека  Баерн Минхен е блиску до комплетирање на трансферот на крилниот напаѓач на Шахтјор, Бразилецот Даглас Коста вреден 35 милиони евра.

Играчот во моментов се наоѓа во Чиле каде настапува за Бразил на Копа Америка, а во Шахтјор пристигна пред пет години од Гремио и стана еден од најважните играчи во тимот.

Покрај Баерн, интерес за Бразилецот покажаа и Барселона, Челзи, Манчестер Јунајтед, Милан и Монако. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука