Економија Избор Охрид

„Тамаро“ маркети: Со добра организација и менаџирање, се постигнуваат значајни резултати, препознатливи за купувачите

Охрид, 26. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Трговската фирма „Тамаро“, од основањето во 1997 година, кога започна да работи во објект со површина од само 15 м2, успеа да се наметне кај купувачите како сериозен играч на локалниот пазар.

1Билјана Стевановиќ, менаџер, координатор на маркетот во објектот на „Тамаро“ маркетот на улицата „АСНОМ“ и супервизор на вработените во останатите маркети, вели дека и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, се помалата куповна моќ на работоспособното население, наспроти општата криза и побарувањата на пазарот, со добро менаџирање, успешно се справуваат. Во однос на прашањето како се усогласуваат желбите и потребите на купувачите, побарувањата на пазарот, со креирањето на пристапните цени, Стевановиќ објаснува дека станува збор за целосен процес.

1.1

– Тоа е еден огромен процес, позади кој стојат многу луѓе, почнувајќи од нашиот директор Роберто Шутески, но и претпоставените на сите нивоа. Процесот додека да се дојде до крајниот производ и креирањето на цените, се постигнува со залагање, ред и професионалност во работењето, дисциплина. Мислам дека на тој начин и клиентите се задоволни, а исто така се задоволни и добавувачите, тоа е обострано. За да се избориме за добра цена, добра понуда, потребна е добра соработка. Инаку околу менаџирањето со човечките ресурси, сите ќе се согласиме дека моментално ја претставуваат онаа алка во која најмногу треба да се работи и вложува, а врз која во последно време се обрнува се` поголемо внимание, потенцира Стевановиќ.

Понудата на готови јадења, и навиката да се купува свежо приготвена домашна храна, која ја има во „Тамаро“ маркетите, како што додава Стевановиќ, со промената на стилот на живеење кај граѓаните, почнува се` повеќе да се прифаќа.

2

Елизабета Силјаноска е менаџер на маркетот „Тамаро“ на булевар „Туристичка“. Иако овој објект е еден од најфрекфентните поради близината на градскиот пазар, забрзаната работна атмосфера бара дополнителен труд, но придобивките се повеќестрани, истакнува Силјаноска.

– Работата е малку напорна, затоа што треба постојано да се работи во согласност со потребите и барањата на купувачите, но ако се работи со љубов и желба, не е тешко. Сите заедно работиме, а резултатите кои се постигнуваат, не прават горди. Често имаме состаноци, даваме можност самите вработени да се искажат, секако дека се цени секоја идеја, за подобрување на работата, она што е конструктивно го прифаќаме и применуваме. На прво место, она во што вложуваме кај работата со персоналот, е љубезноста, чесноста и да бидат секогаш подготвени да им помогнат на купувачите околу купувањето на производите, додава Силјаноска.

2.1

Таа е раководител и на Игротеката која работи во склоп на овој објект. Вели дека детскиот џагор кој се шири од игротеката е благодет, каде децата можат да се забавуваат, да бидат дел од организирани прослави, родендени, или едноставно да поминат слободно време додека нивните родители купуваат.

Соња Шокароска е менаџер на објектот „Тамаро 6“, сместен во комплексот „Братство“. Шокароска става акцент на максимата „трајно ниски цени“, по која овие маркети се препознатливи меѓу охриѓани.

3

– Секој од „Тамаро“ маркетите е препознатлив по нешто. Маркетот „Тамаро“ – Братство, има неколку главни аспекти по кои е препознатлив. Секако дека тука е љубезноста на комплетниот персонал, услугата која е секогаш на ниво, а купувачот ни е постојано на прво место. Препознатливи сме по зеленото пазарче, секојдневно се врши достава на свежо и здраво овошје и зеленчук. Идејата за ваков дополнителен простор започна од овој објект. Продолжуваме и понатаму со примена на нови идеи. Со маркетот е поврзана и игротеката, која работи на принцип, додека родителите купуваат, децата да можат да останат во игротеката, да бидат згрижени и да се во сигурни раце, објаснува Шокароска.

3.1Поради специфичната локација на маркетот „Тамаро“ – Братство, како што дополнува Шокароска, покрај редовните лојални купувачи, има клиентела која го користи пространиот паркинг, и стекнува навика да купува на големо.

Во 2005 година е отворен првиот простор за магацин на големо „А.М.“, а постојано се зголемува и бројот на маркетите. Во 2006-тагодина е отворен вториот „Тамаро“ маркет во населбата Лескоец, Охрид, по што следуваше и „Тамаро 3“ во истата населба. По две години успешна работа беше отворен „Тамаро 4“ маркетот во населбата Далјан, по кој семејството на Тамаро се прошири и со петтиот маркет на површина од 250 м2 лоциран на булеварот „Туристичка“ во 2012 година. Во 2013 година ланецот маркети „Тамаро“ го доби новиот член – шестиот маркет на 500 м2 со внатрешна бесплатна игротека во самиот маркет и надворешна игротека за најмладите. Во 2014 година е отворен „Тамаро 7“ маркетот на корисна површина од 650 м2, со магацински простор од 430 м2. Годинава, маркетот е проширен за дополнителни 450 м2, односно сегашните 1.100 м2. Во маркетот работи и игротека за најмладите, а се продаваат и храна и додатоци за спортистите.

Идните планови на компанијата предвидуваат започнување на сопствено производство и зголемување на производите под брендот на „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука