Избор Охрид

Во понеделник започнува второто пријавување во јунскиот рок за полуматурантите

Охрид, 27.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во четирите средни училишта во Охрид во понеделник и вторник ќе се одвива второто пријавување во јунскиот уписен рок за запишување на учениците во учебната 2015/2016 година.

Вкупно 1146 полуматуранти можат да се запишат во средните училишта во Охрид.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“  има 272 места за идните средношколци. Во новоформираното училиште „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 170 ученици од кои 136 во економско- правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во Средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во прва година, во угостителско- туристичката струка можат да се запишат 272 ученици.

Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“ годинава е подготвен да прими нови 432 ученици во прва година. Во машинската струка можат да се запишат 102 ученици, во електро- техничката 228, во сообраќајната струка место има за 68 ученици, а во насоката лични услуги ќе можат да се запишат 34 ученици.

Резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 . јули. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави