Единаесет лица од ранливите категории во Охрид ангажирани преку проектот „Општествено корисна работа“
Охрид, 28.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 11 лица се ангажирани преку проектот „Општествено корисна работа“ што се реализира во Охрид со финансиска поддршка на УНДП.
Преку оваа програма шест лица се ангажирани во дисперзираните градинки и 5 за потребите на Транзитниот центар за деца на улица. Ангажираните лица подолго време се невработени и активни баратели на работа како и лица од ранливи категории. Две од нив се мајки на деца со посебни потреби и една самохрана мајка.
Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување се спроведува во соработка со Агенцијата за вработување и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |