Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“ со Јован Каланоски: Живееме во најубавото место на светот, среќен сум што Охрид чекори напред

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Живееме во најубавото место на светот. Многу сум среќен што Охрид чекори напред, што секојдневно го гледам се’ посветол и позитивен, вели Јован Каланоски во интервјуто кое е дел од априлското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.

– Би сакал сите заедно да се грижиме за Охрид како една целина да биде поубав и подобар, вели Калановски.

Калановски е дипломиран кинезитерапевт од студиото „Кинезио“ од Охрид. Потенцира дека најмладите мора што е можно почесто да се занимаваат со спортски активности, со народни танци и ора, балет, спорт, а да се избегнуваат неактивните работи, како долгото седење пред компјутер или мобилен телефон. Премногу се чести деформитетите на рбетниот столб, мускулатурата, рамното стапало и сите тие проблеми кои што во иднина можат да доведат до многу сериозни пролеми.

– Време е за нова доза „Охридски приказни“, сега со Јован Каланоски, дипломиран кинезитерапевт. Дружбата е закажана за вечерва од 19:00 часот. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука