Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

Каланоски: Да ја одржуваме оваа градска и спортска приказна (Фото/Видео)

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ви благодарам што сте дел од мојата приказна сите овие години, што ме поддржувате и што сме заедно, порача синоќа Јован Каланоски на забавата која се одржа како дел од априлското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.

– Се надевам дека сите заедно ќе работиме и натаму, да ја одржуваме оваа градска и спортска приказна. Им благодарам на домаќините од „Форт кафе“ за оваа можност, истакна Каланоски.

Калановски е дипломиран кинезитерапевт од студиото „Кинезио“ од Охрид. Потенцира дека најмладите мора што е можно почесто да се занимаваат со спортски активности, со народни танци и ора, балет, спорт, а да се избегнуваат неактивните работи, како долгото седење пред компјутер или мобилен телефон. Премногу се чести деформитетите на ‘рбетниот столб, мускулатурата, рамното стапало и сите тие проблеми кои што во иднина можат да доведат до многу сериозни проблеми.

Со него разговаравме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид. Интервјуто во целост беше објавено вчера на OhridPress.

– И овој пат, испраќаме голема благодарност и до овој наш пријател, кој ја раскажа својата приказна. Имавме убава вечер со Јован Калановским кој ја сподели својата приказна, многу позитивна енергија и имавме навистина одлична забава. Проследивме една прекрасна, успешна, спортска приказна на човекот кој се грижи за здравјето на телото и духот на сите нас, посебно на најмладите во Охрид. Вечерта беше како и самиот Јован, позитивна, весела и енергична. Јован, Охрид е среќен што си тука како дел од неговата приказна. З’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука