ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид исполнет со гости за продолжениот првомајски викенд

Охрид, 29. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот првомајски викенд гo исполни најголемиот дел од помалите сместувачки капацитети во туристички Охрид.

Традиционално, најбројни се гостите од соседството, како и домашните посетители, а периодов актуелни се кружните тури со туристи од Грција, Албанија, Србија, Турција и многу други земји.

– Исполетоста е добра и повеќе од очекуваното, па може да се каже дека ќе имаме и добра туристичка сезона на охридското крајбрежје, вели првиот човек ХОТАМ, Крсте Блажески.

Холанѓаните и годинава остануваат најбројни на ривиерата со редовни чартер летови на ТУИ Холандија, новина ќе бидат е чартерите на ТУИ Англија, а поголем број туристи од Србија се очекуваат со авио-линијата Белград-Охрид што стартува на почетокот на јуни.

Многумина, традиционално, ќе го искористат празникот за скара со пријателите во некое од излетничките места околу Охрид. Секоја година се бара место повеќе во Скребатно, Св. Наум, а слободните плажи на брегот на езерото традиционално се исполнети со гости.

Метеоролозите за викендов најавуваат променливо-облечно време со услови за повремени врнежи од дожд.

Првомајскиот викенд секогаш е добра најава за туристичката сезона која е пред нас, која доколку се исполнат најавите на одговорните, ќе биде една од поуспешните до сега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука