Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид преполн со гости за првомајскиот продолжен викенд (Фото)

Охрид, 30. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сместување повеќе и паркинг повеќе се бара викендов во туристички Охрид, кој е преполн со гости за првомајскиот продолжен викенд.

Исполнети се угостителските објекти, кафе баровите и рестораните. Дел од нив се комплетно закупени од гости, претежно од агенции од Србија и организираат посебна програма и забава.

Раздвижено беше и на Градскиот кеј, каде денешното сончево време со повремени периоди на наоблачување, направи гостите и охриѓани да уживаат во прошетка во текот на целиот ден.

Празнувањето продолжува и утре, кога е неработен ден и се очекува гостите да останат во градот, барем до доцна попладнето. Многумина, традиционално, ќе го искористат празникот за скара со пријателите во некое од излетничките места околу Охрид. Секоја година се бара место повеќе во Скребатно, Св. Наум, а слободните плажи на брегот на езерото традиционално се исполнети со гости.

Метеоролозите за утре најавуваат променливо-облечно време со сончеви периоди и услови за повремени врнежи од дожд попладне.

Првомајскиот викенд секогаш е добра најава за туристичката сезона која е пред нас, која доколку се исполнат најавите на одговорните, ќе биде една од поуспешните до сега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука