Избор Охрид навечер

Кадмо бар со супер забави на официјалниот почеток на летната сезона

Охрид, 1. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Официјално летната сезона во Охрид за 2015 година, ќе ја означат и забавите кои ќе се организираат во објектите на Кадмо.

Вечерва, 1-ви јули, во Кадмо бар ќе има жива свирка со Иван и Бојан. Младите музички таленти ќе изведат богат репертоар на музички хитови за посетителите на објектот на Кадмо бар.

Во петок, 3-ти јули, ќе следи забава со Бени и неговиот бенд Нон Стоп.

бенинонстоп

Додека во сабота, 4-ти јули, ќе биде организирана етно вечер во Кадмо бар со група “Баклава”. Баклава е музички состав со минималистички музички концепт.

baklava

З вукот е создаден од само еден женски вокал и неколку акустични инструменти. Освен за преработките на композиции од македонскиот фолклор, групата Баклава е отворена и за други фолклорни традиции од целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

kadmo

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука