Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредени две лица

Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти мај 2023 година, во 18:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Арбиново и Сливово, патничко возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот Ф.Д. од струшкото село Франгово, излетало од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 54-годишната Ф.Д. од селото Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука