Охрид/Струга, 14. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти и 14-ти мај 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, од кои 8 во Охрид, 2 во Струга и 5 во Кичево. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 22