Избор Охрид навечер

Рок музика 72 часа во Bella Vista Beach and Dance

Охрид, 2. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Плажата Bella Vista Beach and Dance за овој викенд најавува 72 часа исполнети со рок настани.

Во рамките на забавата која ќе се случува овој викенд, ќе настапуваат неколку локални рок бендови.

Утре, 3-ти јули ќе има рок свирка со младите членови на бендот No Fun.

Во сабота, 4-ти јули ќе настапуваат Street Spirit.

И во недела, 5-ти јули, овој концепт на свирки во живо ќе го заокружат дуото Shine. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука