
Гинисов рекорд за најдолго готвење – непрекинато цели 100 часа
Лагос, 16. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нигериска готвачка, од градот Лагос, ги воодушеви своите сонародници готвејќи 100 часа без престан и официјално е прогласена за носителка на Гинисов рекорд за најдолго непрекинато готвење.
Готвачката Хилда Баси своето маратонско готварско шоу го почна во четвртокот, а заврши дури доцна синоќа. Насобраните нејзини сограѓани цело време несебично ја поддржуваа додека таа приготвуваше бројни јадења од националната и меѓународната кујна.
Претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари и неколку политичари и познати личности јавно ѝ честитаа на Баси.
Досега тој Гинисов рекорд го држеше професионалната готвачка од Индија, Лата Тондон, која во 2019 година подготвуваше оброци цели 87 часа и 45 минути, непрекинато. (Крај)
извор: Опсервер фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |