Сообраќајка на крстосницата на „Железничка“ со „Абас Емин“, повреден 39-годишен охриѓанец на мотоцикл
Охрид, 20. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти мај 2023 година, во 18:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 47-годишниот И.В. од Охрид и мотоцикл „Априлија“ со германски национални ознаки, управуван од 39-годишниот Д.Д. од Охрид. Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |