Охрид, 21. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 21:00 часот на патот Охрид-Кичево, кај селото Извор, опожарен е автобус на охридскиот превозник „Галеб“, по што на терен интервенираше противпожарна единица.
Возилото се запалило кај превојот „Пресека“, а во него немало патници, освен возачот. Во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници. Возилото е целосно изгорено, а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР.
Видеото, што го снимил очевидец на настанот објави порталот Порта. (Крај)
извор: Либертас фото: Либертас