Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Битола поради коментар на Facebook со кој ширел говор на омраза

Охрид, 22. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот Е.И. од Битола поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, по објавен текст на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со недолична содржина со кој ширел говор на омраза, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука