Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за лице од Охрид кое изградило објект од метална конструкција без одобрение

Охрид, 23. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишниот А.Ј. од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, на катарстарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција. На 1. март 2023 година, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука