Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот

Охрид, 24. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти мај  2023 година, во 02:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 36-годишниот З.С. од селото Оморани, општина Чашка.

– Тој, претходно, на улицата „15-ти корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило марка „Голф“ одзел паричник и документи. Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука