ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

МПЦ-ОА и СПЦ на 5-ти јуни ќе одржат заедничка литургија во црквата „Св. Софија“ во Охрид, се заокружува интеграцијата на ПОА

Скопје/Охрид, 24. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 5-ти јуни 2023 година, ден по празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, во црквата „Света Софија“ во Охрид, храмот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој во еден период од своето десетвековно постоење служел и како соборен храм на древната Охридска архиепископија, ќе се одржи заедничка литургија на македонските и владиците на СПЦ предводени од српскиот патријарх Порфорие, како и свештенството на ПОА, која на последниот црковен сабор во Белград доби канонски отпуст.

Со заедничката литургија со која се заокружува интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА, практично се комплетира целиот процес кој започна со доделувањето на Томосот за автокефалност од страна на Српската православна црква пред точно една година, јави Тв24.

Како што објавија српски и бугарски медиуми деновиве, архиепископот на ПОА Јован станува митрополит на Крушевско – Демирхисарската епархија, неговиот досегашен викарен епископ Давид, станува викарен епископ на архиепископот на МПЦ-ОА Стефан.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Тв 24 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука