Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од понеделник почнува исплатата на мајските пензии

Скопје/Охрид, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 29-ти мај ќе започне исплатата на пензиите за месец мај.

Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти овој месец.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
• за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
• за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од понеделник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука