Претставата „Мали vs ГОЛЕМ” утре повторно пред охридската публика
Охрид, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер повторно ќе биде изведена театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во реализација на Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.
– Се обработуваат теми кои нé засегаат сите нас: релациите помеѓу врсниците; образовните и општествените услови во кои се втурнати децата; нивната моќ да расудуваат и да го подигнат својот глас за позитивни промени, во кои и тие ќе можат да предложат некаква иницијатива. Но, потребни сме сите за да се случат тие промени, особено сега, во светло на бројните немили настани кои демнат, а мета се токму децата, велат од драмското студио.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а цената на билетот е 100 денари. Ова воедно ќе биде и последна изведба на претставата за оваа сезона. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |